Модерен документарен филм во продукција на ОТКРИТИЕ и со поддршка од Заводот на Музеи на градот Прилеп

Прилепско богатство – снежно белиот мермер, познат во геологијата како ситно зрнеста метаморфна карпа, со уште поголемо скриено богатство во него - МАКЕДОНСКИОТ РУБИН! ОТКРИТИЕ беа во посета на градот под Марковите Кули, разговаравме со кустосот Александар, го посетивме манастирот Св. Архангел и Михаил и во духот на храбрите прилепски јунаци се обидовме да нарачаме Скопско во прилепска кафана. Иии најважно од сѐ, го сретнавме најпознатиот промотор на македонскиот рубин Деан Шкартов Деко, каде ако не кај мермерот барајќи "камчиња". Ни кажа збор, два за прилепските минерали и ни покажа како се обработува рубинот, преточувајќи го во најубаво парче накит.

Пронајдете го и уживајте во целосното видео на следниот линк : https://www.youtube.com/watch?v=US4-pB2qWAc Прилепско богатство – снежно белиот мермер, познат во геологијата како ситно зрнеста метаморфна карпа, со уште поголемо скриено богатство во него – МАКЕДОНСКИОТ РУБИН! ОТКРИТИЕ беа во посета на градот под Марковите Кули, разговаравме со кустосот Александар, го посетивме манастирот Св. Архангел и […]

Панел-дискусија „Одговорно сопствеништво – одговорноста почнува со мене“ организирана од ОТКРИТИЕ во соработка со други невладини здруженија за благосостојба на миленици

Панел-дискусија „Одговорно сопствеништво - одговорноста почнува со мене“

По успешната панел-дискусија „Одговорно сопствеништво – одговорноста почнува со мене“, на која присуствуваа 54 експерти од различни професионални области – професори, истражувачи, доктори на науки, доктори по ветеринарна и хумана медицина, одгледувачи на кучиња, мачки и папагали, кинолози, фелинолози, стилисти за миленици и дресери – ја изразуваме нашата искрена благодарност за нивното активно учество и […]

Галеријата Откритие стана дел од Балканската мрежа на музеи

Галеријата Откритие стана дел од престижната Балканска мрежа на музеии (BMN), што претставува значаен чекор во поттикнувањето на нашата културна и музејска сцена. Ова членство ќе овозможи размена на експертиза, учество во регионални проекти и зајакнување на соработката со други музејски институции низ Балканот. Балканската мрежа на музеии нуди бројни бенефити за своите членови, како […]

Откритие на Меѓународниот симпозиум ProGEO во Тулча, Романија

Здружението Откритие учествуваше на Меѓународниот симпозиум ProGEO, одржан во Тулча, Романија, каде беа презентирани нашите тековни проекти посветени на заштитата и промоцијата на геонаследството во Македонија. Настанот овозможи богата размена на идеи, воспоставување значајни професионални контакти и отворање нови можности за меѓународна соработка. ProGEO е меѓународна асоцијација посветена на заштитата, проучувањето и валоризацијата на геолошкото […]

Македонскиот павилјон на ЕКСПО 2025 во Осака, Јапонија, со Сребрена награда – дел од него и Откритие

Честитки до македонскиот павилјон на ЕКСПО 2025 Осака–Кансаи за освоената Сребрена награда во категоријата „Споделени павилјони (Тип C) – Подобрување на животи“! Церемонијата на доделување на наградите на BIE Day се одржа вчера, при што беа објавени добитниците на Официјалните награди за учесници на ЕКСПО 2025. Одржана во пресрет на затворањето на изложбата, церемонијата вклучи […]

Откритие – македонскиот глас во европската мрежа ProGEO

Членството на Здружението „Откритие“ во ProGEO – Европската асоцијација за заштита на геонаследството претставува историски чекор за Македонија и значајно проширување на хоризонтите на нашата научна и културна заедница. До неодамна, Македонија беше единствената европска земја без свој претставник во оваа престижна мрежа која ги обединува водечките експерти, институции и организации посветени на проучување, заштита […]

Галерија „Откритие“ – простор каде љубопитноста станува знаење

Галеријата „Откритие“ претставува единствен едукативен и културен простор во Македонија посветен на природните науки, каде што децата од основните и средните училишта во Скопје континуирано доаѓаат на организирани посети. Преку интерактивен пристап и внимателно подготвени изложби од областа на геологијата, минералогијата, палеонтологијата и екологијата, младите посетители имаат можност непосредно да се запознаат со кристали, минерали […]

Откритие во Загреб – Македонските кристали и минерали пред европска публика

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, по повод 22 април – Денот на планетата Земја, беше одржан уникатен мултимедијален културен настан кој ја обедини науката, уметноста и музиката. Настанот го отвори директорката на МКИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска, а публиката имаше можност да ја посети изложбата „Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце“, реализирана во […]

Посета на Откритие од страна на магистер Грегоар Егороф од Националниот музеј за природни науки во Париз

Во просториите на граѓанската организација Откритие се одржа официјална посета од страна на магистер Грегоар Егороф, стручно лице задолжено за зачувување и промоција на француското геонаследство при Националниот музеј за природни науки во Париз. Посетата беше посветена на развивање на соработката меѓу Откритие и француските научни институции во областа на геонаследството, едукацијата и музеолошката размена. […]

Посета на министерката Сања Божиновска и амбасадорот на Франција Кристоф Л’Риголер во Откритие: Поддршка за заштита на македонскиот рубин

Во просториите на граѓанската организација Откритие се одржа официјална средба со министерката за енергетика и рударство Сања Божиновска и амбасадорот на Република Франција во Северна Македонија Кристоф Л’Риголер, посветена на иницијативата за законска заштита на македонскиот рубин како природно богатство од национално значење. https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/bozinovska-go-zastituvame-makedonskiot-rubin-vreme-e-da-ja-promovirame-magijata-na-naseto-mineralno-bogatstvo На средбата, претставниците на Откритие ја презентираа својата долгорочна визија за […]