Откритие го сочинува тим од професионалци, научници и ентузијасти кои своето знаење и страст кон природата ги насочуваат кон промоција на науката, заштитата на природното наследство и поттикнување на љубопитноста кај младите.
Илија Петковски – магистер по геонауки, животна средина и екологија на Универзитетот Сорбона – Париз, со богато професионално искуство на капитални енергетски и стратешки проекти реализирани на повеќе континенти во над дваесет држави. Како основач и претседател на Откритие, ја поврзува науката, образованието и заштитата на природното наследство во иновативни проекти.
Деан Шкартов – Деко – дипломиран агроном и меѓународно признат гемолог, медиумска и рокенрол личност која со децении се залага за промоција и заштита на македонскиот рубин и другите скапоцени камења од земјата. Неговата работа претставува мост меѓу науката, културата и јавноста.
Марко Бекриќ – инженер по компјутерски технологии, љубител на природата и сертифициран планински велосипедски водич. Неговата технолошка експертиза и организациски дух го прават клучен во логистичката и теренската поддршка на проектите на Откритие. Тој е и менаџер на туристичко-еколошкиот концепт „Кај Баба и Деде“ во Галичник, кој спојува традиција, природа и одржлив туризам.
Искра Бекриќ – доктор по ветеринарна медицина со долгогодишно искуство во фармакологијата за животни. Активен поборник за правата на животните преку авторски текстови, јавни настапи и директни теренски акции, таа ја застапува идејата за хуман однос и балансирано заедништво меѓу човекот и животните.
Татјана Петковски – основач на Македонската асоцијација на стилисти за миленици и професионален обучувач на десетици грумери од регионот. Таа е промотор на холистичкиот пристап во индустријата за миленици, каде што грижата, естетиката и добросостојбата на животното се неразделни.
https://www.groomingskopje.com/
Грегор Егороф е геолог во Националниот музеј за природна историја во Париз, Франција. Образуван на Универзитетот Сорбона, тој работи на промовирање на знаењето и подигање на свеста за геолошкото наследство на национално и меѓународно ниво. Тој е член на неколку научни здруженија и е посветен на општествена вклученост. Неговата цел е да развива размена и мостови меѓу граѓаните и институциите.
Овој мултидисциплинарен тим ја претставува суштината на Откритие – спој на наука, етика и љубов кон природата, со цел создавање општество засновано на знаење, одговорност и почит кон животот во сите негови форми.