ДОГОР – 18.000 години старото кутре замрзнато во времето

Сподели:

Во 2018 година, близу Јакутск 🇷🇺, научниците открија неверојатно добро сочувано младенче – поради пермафростот (вечен мраз) телото на животното останало замрзнато и недопрено дури 18.000 години! 🧊🐶

🔬Генетичка анализа покажала нешто фасцинантно:

Dogor не припаѓа целосно ниту на денешните волци 🐺, ниту на домашните кучиња 🐕, туку веројатно на изумрена гранка од еволуцијата на канидите. Можеби е еден од првите обиди на природата да го создаде денешното куче! 🧬Кучињата НЕ се човечки производ туку резултат на природната еволуција. Тие, како бездомна популација со природна селекција, постоеле, постојат и ќе постојат во целиот свет сосема независно од човекот и од популацијата кучиња миленици. Милениците според извештајот на Светската Здравствена Организација не сочинуваат ниту 25% од целокупната светска популација на кучиња.

📌Научни факти за Dogor:

📅Старост: 18.000 години (датирано со радиоактивен јаглерод – C14)

🐾Состојба: Сочувани се крзното, муцката, забите, па дури и брковите!

🧬ДНК анализа: Непозната популација – не припаѓа на ниту еден познат вид

🌍Локација: Јакутски пермафрост, Русија – познат по сочувани мамути и други праисториски животни

🧠Истражувачи: Шведскиот центар за палеогенетика и рускиот Североисточен федерален универзитет

👥Dogor е наречен така бидејќи „догор“ на јакутски значи „пријател“, но истовремено е игра на зборови: Dog or…? (Куче или…?)

🧠Значење за науката: Ова откритие ни дава директен прозорец кон моментот кога волкот започнал да еволуира во куче – процес кој веројатно се случил во Сибир. 🏕️👣🐺

Не станува збор за фосил бидејќи неговото тело е зачувано во органска состојба со кожа, крзно, мускули и коски, додека фосилите се остатоци од животни или растенија кои со тек на време се минерализираат и органската материја се заменува со камен. Замрзнатото тело овозможува истражување на ДНК, физиологија, исхрана и микроби, додека фосилите даваат информации за морфологијата, еволуцијата и биодиверзитетот од минатото. Клучната разлика е што фосилот е минерално зачуван, а замрзнатото животно сè уште ја има оригиналната органска материја.



Илија Петковски

читај повеќе

ПОРТАЛ

Природа

Природата претставува основната материја и енергија од која е создаден нашиот свет и целата вселена. Во најширока смисла, природата ги опфаќа сите физички елементи на земјата и небото, сите живи организми, нивните екосистеми, и природните закони што ги регулираат.

ПОРТАЛ

Кристали

Нашата планета Земја е комплетна мрежа на природни процеси и материјали кои ја обликуваат нејзината структура, историја и биосфера. Минералите, фосилите и кристалите се клучни компоненти кои не само што ја претставуваат материјалната основа на Земјата, туку и овозможуваат длабоко разбирање на еволуцијата на животот и геолошките процеси.