Откритие во Загреб – Македонските кристали и минерали пред европска публика

Сподели:

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, по повод 22 април – Денот на планетата Земја, беше одржан уникатен мултимедијален културен настан кој ја обедини науката, уметноста и музиката. Настанот го отвори директорката на МКИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска, а публиката имаше можност да ја посети изложбата „Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце“, реализирана во соработка со здружението „Откритие“.

Изложбата, чиј концепт го потпишуваат инженерите Деан Шкартов и Илија Петковски, претстави вредни примероци на минерали, кристали, фосили и македонски рубини, меѓу кои и алги строматолити стари 1,8 милијарди години – првите форми на живот на Земјата. Преку својата богата колекција, Откритие ја афирмира научната и културната вредност на македонското минералошко наследство.

Настанот кулминираше со етно-концертот на групата „Баклава“, која годинава го одбележува 20-годишниот јубилеј. Под водство на Елена Христова, групата приреди емоционален и космополитски музички настап со традиционални и авторски композиции во духот на world music.

Меѓу присутните беа претставници на дипломатскиот кор, МПЦ, локалната власт, културни институции и бројни Македонци кои живеат, работат и студираат во Загреб, што му даде на настанот вистинска културна и духовна тежина.

Текстот го подготвија Илија Петковски и Искра Бекриќ

Фотографии преземени од социјалните мрежи на Македонскиот Културно Информативен Центар во Загреб : instagram.com/kic.rsm.zg

читај повеќе

ПОРТАЛ

Природа

Природата претставува основната материја и енергија од која е создаден нашиот свет и целата вселена. Во најширока смисла, природата ги опфаќа сите физички елементи на земјата и небото, сите живи организми, нивните екосистеми, и природните закони што ги регулираат.

ПОРТАЛ

Кристали

Нашата планета Земја е комплетна мрежа на природни процеси и материјали кои ја обликуваат нејзината структура, историја и биосфера. Минералите, фосилите и кристалите се клучни компоненти кои не само што ја претставуваат материјалната основа на Земјата, туку и овозможуваат длабоко разбирање на еволуцијата на животот и геолошките процеси.