Посета на Откритие од страна на магистер Грегоар Егороф од Националниот музеј за природни науки во Париз

Сподели:

Во просториите на граѓанската организација Откритие се одржа официјална посета од страна на магистер Грегоар Егороф, стручно лице задолжено за зачувување и промоција на француското геонаследство при Националниот музеј за природни науки во Париз.

Посетата беше посветена на развивање на соработката меѓу Откритие и француските научни институции во областа на геонаследството, едукацијата и музеолошката размена. Во рамките на средбата беше договорена соработка на изложбениот сегмент, со позајмување на вредни сертифицирани примероци на карпи кои биле користени при изградбата на Катедралата Нотр Дам во Париз, Лувр и Версај.

Во изложбениот простор на Откритие се презентирани и вредни заштитени карпи од Франција, кои историски служеле како материјал за изработка на светски познати скулптури и архитектонски дела. Ова претставува значаен чекор кон меѓународна размена на знаење, културни вредности и научна експертиза.

За време на својата посета на Македонија, магистер Грегоар Егороф оствари и средби со амбасадорот на Република Франција во Северна Македонија Кристоф Л’Риголер, со министерката за енергетика и рударство Сања Божиновска, како и со професори по геотехника и геологија при Градежниот факултет во Скопје и со директорот на Геоинститутот на Македонија.

Овие средби овозможија продлабочување на институционалната и академската соработка, со заедничка определба за развој на иновативни образовни програми, научни проекти и активности насочени кон промоција и заштита на геонаследството.

Откритие и Националниот музеј за природни науки во Париз ќе продолжат со заеднички активности во областа на геоедукацијата, со посебен фокус на едукација на деца и млади, преку интерактивни работилници, изложби и проекти кои го поврзуваат науката со културното наследство и уметноста.

https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/bozinovska-go-zastituvame-makedonskiot-rubin-vreme-e-da-ja-promovirame-magijata-na-naseto-mineralno-bogatstvo#gallerymain-6

Текстот го подготвија Илија Петковски и Искра Бекриќ

Фотографии преземени од официјалниот сајт на Министерството за енергетика и рударство на Република Северна Македонија

читај повеќе

ПРОЕКТИ

Посета на министерката Сања Божиновска и амбасадорот на Франција Кристоф Л’Риголер во Откритие: Поддршка за заштита на македонскиот рубин

Во просториите на граѓанската организација Откритие се одржа официјална средба со министерката за енергетика и рударство Сања Божиновска и амбасадорот на Република Франција во Северна

ПРОЕКТИ

Откритие во Загреб – Македонските кристали и минерали пред европска публика

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, по повод 22 април – Денот на планетата Земја, беше одржан уникатен мултимедијален културен настан кој ја обедини науката,