Панел-дискусија „Одговорно сопствеништво – одговорноста почнува со мене“ организирана од ОТКРИТИЕ во соработка со други невладини здруженија за благосостојба на миленици

Панел-дискусија „Одговорно сопствеништво - одговорноста почнува со мене“

Сподели:

По успешната панел-дискусија „Одговорно сопствеништво – одговорноста почнува со мене“, на која присуствуваа 54 експерти од различни професионални области – професори, истражувачи, доктори на науки, доктори по ветеринарна и хумана медицина, одгледувачи на кучиња, мачки и папагали, кинолози, фелинолози, стилисти за миленици и дресери – ја изразуваме нашата искрена благодарност за нивното активно учество и придонес.

Дискусијата во организација на Невладините Здруженија: Асоцијација на Стилисти за Миленици и Здружението за Промоција на Природните Науки – Откритие, го поттикна дијалогот со чинителите на општествените политики. Темата беа современите предизвици во грижата и благосостојбата на милениците, како и одговорното сопствеништво на животните. Посебен фокус беше ставен на новиот Европски закон за благосостојба на милениците и неговото значење за нашата земја Македонија.

Веруваме дека ова претставува почеток на континуиран процес на соработка и размена на знаење меѓу стручното општество, институциите и граѓаните. Со нетрпение ги очекуваме следните средби и иницијативи што ќе продолжат да го унапредуваат овој важен дијалог.

#одговорносопствеништво

Текстот го подготвија Илија Петковски и Искра Бекриќ

Фотографии преземени од архивата на ОТКРИТИЕ

читај повеќе

ПРОЕКТИ

Посета на министерката Сања Божиновска и амбасадорот на Франција Кристоф Л’Риголер во Откритие: Поддршка за заштита на македонскиот рубин

Во просториите на граѓанската организација Откритие се одржа официјална средба со министерката за енергетика и рударство Сања Божиновска и амбасадорот на Република Франција во Северна

ПРОЕКТИ

Посета на Откритие од страна на магистер Грегоар Егороф од Националниот музеј за природни науки во Париз

Во просториите на граѓанската организација Откритие се одржа официјална посета од страна на магистер Грегоар Егороф, стручно лице задолжено за зачувување и промоција на француското