Здружението Откритие учествуваше на Меѓународниот симпозиум ProGEO, одржан во Тулча, Романија, каде беа презентирани нашите тековни проекти посветени на заштитата и промоцијата на геонаследството во Македонија. Настанот овозможи богата размена на идеи, воспоставување значајни професионални контакти и отворање нови можности за меѓународна соработка.
ProGEO е меѓународна асоцијација посветена на заштитата, проучувањето и валоризацијата на геолошкото наследство во Европа. Присуството на Откритие на овој симпозиум претставува важен чекор кон интеграцијата на македонската научна и културна сцена во европската мрежа на експерти за геоконзервација и геоедукација.
Со ова учество, Откритие се позиционира како национален контакт и партнер на ProGEO за Македонија, продолжувајќи ја својата мисија да го промовира и афирмира геонаследството како составен дел од природното и културното богатство на нашата земја.

Текстот го подготвија: Илија Петковски и Искра Бекриќ
Фотографии: преземени од архивата на Откритие.

