Откритие во Загреб – Македонските кристали и минерали пред европска публика

Сподели:

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, по повод 22 април – Денот на планетата Земја, беше одржан уникатен мултимедијален културен настан кој ја обедини науката, уметноста и музиката. Настанот го отвори директорката на МКИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска, а публиката имаше можност да ја посети изложбата „Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце“, реализирана во соработка со здружението „Откритие“.

Изложбата, чиј концепт го потпишуваат инженерите Деан Шкартов и Илија Петковски, претстави вредни примероци на минерали, кристали, фосили и македонски рубини, меѓу кои и алги строматолити стари 1,8 милијарди години – првите форми на живот на Земјата. Преку својата богата колекција, Откритие ја афирмира научната и културната вредност на македонското минералошко наследство.

Настанот кулминираше со етно-концертот на групата „Баклава“, која годинава го одбележува 20-годишниот јубилеј. Под водство на Елена Христова, групата приреди емоционален и космополитски музички настап со традиционални и авторски композиции во духот на world music.

Меѓу присутните беа претставници на дипломатскиот кор, МПЦ, локалната власт, културни институции и бројни Македонци кои живеат, работат и студираат во Загреб, што му даде на настанот вистинска културна и духовна тежина.

Текстот го подготвија Илија Петковски и Искра Бекриќ

Фотографии преземени од социјалните мрежи на Македонскиот Културно Информативен Центар во Загреб : instagram.com/kic.rsm.zg

читај повеќе

ПРОЕКТИ

Посета на министерката Сања Божиновска и амбасадорот на Франција Кристоф Л’Риголер во Откритие: Поддршка за заштита на македонскиот рубин

Во просториите на граѓанската организација Откритие се одржа официјална средба со министерката за енергетика и рударство Сања Божиновска и амбасадорот на Република Франција во Северна

ПРОЕКТИ

Посета на Откритие од страна на магистер Грегоар Егороф од Националниот музеј за природни науки во Париз

Во просториите на граѓанската организација Откритие се одржа официјална посета од страна на магистер Грегоар Егороф, стручно лице задолжено за зачувување и промоција на француското