Македонскиот павилјон на ЕКСПО 2025 во Осака, Јапонија, со Сребрена награда – дел од него и Откритие

Сподели:

Честитки до македонскиот павилјон на ЕКСПО 2025 Осака–Кансаи за освоената Сребрена награда во категоријата „Споделени павилјони (Тип C) – Подобрување на животи“!

Церемонијата на доделување на наградите на BIE Day се одржа вчера, при што беа објавени добитниците на Официјалните награди за учесници на ЕКСПО 2025. Одржана во пресрет на затворањето на изложбата, церемонијата вклучи и доделување на медалите на BIE, со кои се оддава признание на сите кои значајно придонеле за успехот на Светската изложба, како и наградата BIE Космос.

Откритие, со дел од својата колекција, беше дел од македонскиот павилјон.

Текстот го подготвија: Илија Петковски и Искра Бекриќ
Фотографии: преземени од официјалната Фејсбук страна на Амбасада на Република Северна Македонија во Јапонија.

читај повеќе

ПОРТАЛ

Природа

Природата претставува основната материја и енергија од која е создаден нашиот свет и целата вселена. Во најширока смисла, природата ги опфаќа сите физички елементи на земјата и небото, сите живи организми, нивните екосистеми, и природните закони што ги регулираат.

ПОРТАЛ

Кристали

Нашата планета Земја е комплетна мрежа на природни процеси и материјали кои ја обликуваат нејзината структура, историја и биосфера. Минералите, фосилите и кристалите се клучни компоненти кои не само што ја претставуваат материјалната основа на Земјата, туку и овозможуваат длабоко разбирање на еволуцијата на животот и геолошките процеси.