Галеријата „Откритие“ претставува единствен едукативен и културен простор во Македонија посветен на природните науки, каде што децата од основните и средните училишта во Скопје континуирано доаѓаат на организирани посети. Преку интерактивен пристап и внимателно подготвени изложби од областа на геологијата, минералогијата, палеонтологијата и екологијата, младите посетители имаат можност непосредно да се запознаат со кристали, минерали и фосили, да допрат, набљудуваат и разберат како функционира нашата планета.

Посетите во галеријата не се само наставно продолжение, туку и социјално искуство со длабок образовен и емотивен импакт. Преку мултисензорска интеракција, учениците развиваат љубопитност, концентрација и емпатија кон природата – вредности кои тешко се стекнуваат во формалниот образовен систем. За многу деца, ова е првпат да ја почувствуваат науката како нешто живо и достапно, што го отвора нивниот интерес за идни професионални насоки во природните и техничките науки.
Галеријата „Откритие“ ја остварува својата мисија како општествено одговорен центар кој преку науката ги поврзува генерациите и придонесува кон подигање на научната култура во Македонија. Таа не е само изложбен простор – таа е место на инспирација, дијалог и откривање.

Текстот го подготвија Илија Петковски и Искра Бекриќ
Фотографии преземени од архивата на ОТКРИТИЕ

