Од миленици и фармски животни до дивиот свет кој не опкружува, животните отсекогаш биле суштински дел од нашите животи. Врската меѓу животните и луѓето е античка. Емпатијата, приврзаноста и антропоморфизмот се психолошки човечки особини кои се сметаат како одговорни за здрава и позитивна врска меѓу нac.
Врската меѓу нас и животните е клучна во еволуцијата и преживувањето, а во денешно време иако видоизменето сеуште ги исполнува истите критериуми.
Чарлс Дарвин еднаш рекол – “Љубовта кон сите живи суштества е најблагородната особина на човекот.“ Ние во Откритие целосно се согласуваме и посветуваме на таа мантра.

Животните се посебни суштества со чувства и разум, за што долги години човекот не бил целосно свесен. Често ние луѓето се ставаме себеси на врвот од пирамидата, сметајќи се за видот со најразвиена интелигенција, што постојано не турка напред и ни прави притисок да бидеме подобри, повеќе, побрзи, скратувајќи ни го моментот на СЕГА и ТУКА.

За разлика од нас, животните се секогаш присутни во моментот, со перфектно развиени инстинкти за преживување и во целосна симбиоза со природата.

Ние во Откритие се трудиме да станеме едно со природата и животните, постојано учејќи и осознавајќи ги истите.
Нашата цел е да ја приближиме едноставноста, а истовремено да ја осознаеме комплексноста на животните, да научиме заедно со нив да живееме во моментот.

Преку нашиот портал и поткаст и овозможуваме на јавноста која сака да учи за животните пристап до научна платформа, формирана од тим на ветеринари, биолози, кинолози, епидемиолози, активисти, луѓе од бизнис сферата поврзана со животните, љубители на животни и многу други.
Авторски текст и фотографии (02 Септември 2024)
ДВМ Искра Бекриќ

